„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

09.05.2017 10:50

За оваа граѓанска иницијатива, Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието. Демонстрантите најавија граѓанска непослушност.

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои, како што велат, избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

За оваа граѓанска иницијатива, Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието. Демонстрантите најавија граѓанска непослушност.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на вчерашниот протест упати порака до претседателот Иванов, да не го дава мандатот за формирање на Тиранска влада.  Организаторите велат дека оформуваат правен тим кој ќе состави тужба против поиединци и партии кои го прекржиле Законот, Уставот и процедурите.

Протестите на граѓанската иницијатива продолжуваат денес пред седиштето на Европската унија во Скопје.