Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

09.05.2017 10:16

В среда и четврток локален дожд, потоа времето ќе се стабилизира со значителен пораст на дневната температура.

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Утринската температрура до 11, а дневната ќе достигне до 18 степени.

В среда и четврток локален дожд, потоа времето ќе се стабилизира со значителен пораст на дневната температура.

Петок и сабота се очекува топло време, особено долж Повардарието каде што живата во термометарот треба да достигне над 30 степени целзиусови.