Курц: ЕУ да го смени курсот на развој за да не ослабне по Брегзит
Тврди дека мора да се решат важни прашања во сферата на надворешната политика, безбедноста, одбраната, во заедничката одбрана на надворешните граници или во засилувањето на конкурентната способност на економскиот простор на светската сцена.

ЕУ треба да го промени курсот на развој за да не ослабне по Брегзит, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, кој е и ротациски претседател на Организацијата за европска безбедност и соработка.
Тврди дека мора да се решат важни прашања во сферата на надворешната политика, безбедноста, одбраната, во заедничката одбрана на надворешните граници или во засилувањето на конкурентната способност на економскиот простор на светската сцена.
Курц порача Брисел да не се меша во сферите кои подобро се управуваат на национално или регионално ниво.
