Тилерсон му честита на Марковиќ за одлуката за влез во НАТО
09.05.2017 11:52
Рекс Тилерсон му порачал на црногорскиот премиер Душан Марковиќ дека не го заборавил Балканот, регионот чијашто стабилност има силна поддршка од САД.

На средбата во Вашингтон, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон му порачал на црногорскиот премиер Душан Марковиќ дека не го заборавил Балканот, регионот чијашто стабилност има силна поддршка од САД.
Тилерсон и честитал на Црна Гора на одлуката да влезе во НАТО и ја охрабрил да продолжи во спроведувањето на реформите за натамошна демократизација на општеството.
