Криза во процесот на преговори за повторно обединување на Кипар

09.05.2017 11:57

Kипар е поделен од 1974 година, откако Турција упадна на островот како одговор на превратот на приврзаниците на идејата за обединување со Грција.

Специјалниот пратеник на ОН за Кипар, Еспен Барт Ајде предупредува на криза во процесот на преговори за повторно обединување на островот.

Атина и Никозија се убедени дека дејствува пристрасно во корист на турската страна. Кипар е поделен од 1974 година, откако Турција упадна на островот како одговор на превратот на приврзаниците на идејата за обединување со Грција.

Турција не го признава Кипар како држава, туку само Турска Република Северен Кипар каде има свој воен контингент од 35.000 војници.