Советот на јавните обвинители ја одложи денешната седница
09.05.2017 12:50
На денешната седница требаше да се расправа за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, обвинител во Републичкото Јавно обвинителство...

Советот на јавните обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, обвинител во Републичкото Јавно обвинителство, како и распишување нов оглас за избор на претседател на Скопското Јавно обвинителство, поради истекувањето на мандатот на Гордана Гешковска.
Новиот термин за седницата е 16-ти мај.
