ВМРО-ДПМНЕ се поклонува пред осумте херои кои загинаа во Куманово

09.05.2017 12:57

Сите ние ќе им бидеме вечни должници, за разлика од Заев и сСпасовски кои му свртеле грбот на својот народ, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се поклонува пред ликот и делот на осумте херои припадници на македонските безбедносни служби кои загинаа во антитерористичката акција за одбрана на Република Македонија во Куманово пред две години, пишува во соопштението на партијата.

Сите ние ќе им бидеме вечни должници, за разлика од Заев и сСпасовски кои му свртеле грбот на својот народ, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Заев се договори од Македонија да направи двојазична држава, да ги промени националните амблеми и да го смени името на земјата, пишува во соопштението.