10 насто од обртот на „Ван Хол“ е со македонски фирми
09.05.2017 13:12
Бројот на вработените од сегашните 870, до крајот на годинава ќе достигне илјада, а во септември почнува со работа втората производствена линија, со што капацитетот ќе достигне илјада автобуси годишно.

Расте бројот на домашни компании кои испорачуваат делови и компоненти за странски фирми кои работат во слободните економски зони. Засега 10 насто од годишниот обрт на „Ван Хол“ е со македонски фирми.
Бројот на вработените од сегашните 870, до крајот на годинава ќе достигне илјада, а во септември почнува со работа втората производствена линија, со што капацитетот ќе достигне илјада автобуси годишно.
Над 200 домашни фирми соработуваат со оваа фабрика, испорачувајќи разни делови или услуги.
