За и против за вегетаријанската исхрана
Добро испланираната вегетаријанска диета може да ги исполни сите потреби на луѓе од сите возрасти, па дури и на деца, како и бремени жени и доилки. Клучот е да бидете свесни дека со откажувањето од месото на вашиот организам ќе му недостасуваат некои состојки, кои ќе мора да ги внесувате преку супститути.Вегетеријанските диети варираат во однос на храната која е вклучена и исклучена.

Добро испланираната вегетаријанска диета може да ги исполни сите потреби на луѓе од сите возрасти, па дури и на деца, како и бремени жени и доилки. Клучот е да бидете свесни дека со откажувањето од месото на вашиот организам ќе му недостасуваат некои состојки, кои ќе мора да ги внесувате преку супститути.Вегетеријанските диети варираат во однос на храната која е вклучена и исклучена. Лакто-ово вегетеријанската диета забранува месо, живина и риба, но дозволува млечни производи и јајца.Ово-вегетеријанската диета исклучува месо, живина, морска храна и млечни производи, но дозволува јајца.Веганската диета дозволува само растителни продукти, односно забранува месо, живина, риби, јајца и млечни производи, како и се’ што ги содржи.Некои луѓе држат полувегетеријанска диета, наречена флекситаријанска диета, што е всушност диета базирана на растенија, но понекогаш дозволува живина и риба во посебни околности. Како и сите, вегетеријанците и веганите мора да си обезбедат протеини, Б-12 и Д витамини, омега-3 масти, калциум, јод и калиум, кои се многу важни за здравјето и виталноста.Иако се смета дека вегетаријанскиот начин на исхрана е здрав, некои луѓе не можат да поднесат да не внесуваат ни малку месо, и тоа се одразува на нивното здравје.Позитивните страни на вегетаријанството се видливи кај повеќето луѓе, иако има и такви кои имаат проблеми со крвана слика кога се лишуваат од месо.Вегетеријанците речиси во сите случаи се повеќе отпорни на коронарна болест на артериите, хипертензија, дебелеење и некои форми на рак.Вегетаријанската исхрана која се состои само од конзумирање овошје и зеленчук денес е слабо застапена дури и во Индија, земјата во која настанала. Ваквата храна на организмот не му обезбедува доволно неопходни белковини. Затоа денес постојат лактовегетаријанците, кои во исхраната користат млеко и млечни производи, додека ововегетаријанците јадат и јајца. Таквата исхрана не е штетна, бидејќи на организмот му ги обезбедува потребните количини на аминокиселини неопходни за нормално функционирање.Правилната вегетаријанска исхрана подразбира три, а уште подобро пет оброци дневно. Појадокот треба да заврши до 8 часот наутро, а потоа во интервали од 3-4 часа треба да се внесува по еден оброк. За добро варење на вегетаријанците им се советува да јадат најмалку 700-800 грама зеленчук дневно, а од овошје се препорачуваат јаболка, бидејќи содржат пектин кој го регулира холестеролот и овозможува правилно да се извршува функцијата на централниот нервен систем.Сепак, постои една заблуда кога се зборува за вегетаријанската исхрана. Факт е дека ние денес немаме ни грам земја, вода или куб воздух кои се сосема чисти. Со самото тоа, природна исхрана во оној облик во кој настанала денес нема. Најздравата исхрана е онаа која е редовна и која го снабдува организмот со сите хранливи материи: леб, масло, житарици, млеко и млечни производи, јајца, месо, овошје, зеленчук, шеќер и концентрати.
