Париз: Евакуирана железничка станица поради акција на полицијата
09.05.2017 14:12
Полицајците вршеле проверка на сите патници кои допатувале од градот Валансиен на париската северна станица. Операцијата е завршена без конректни детали околу полициската акција.

Париската полиција евакуираше железничка станица поради операција за пронаоѓање на тројца осомничени терористи.
„Имаше многу полицајци, нешто се случуваше, ама не знам што точно. Го прегледаа секое возило.“
„Не изнесуваа од возот, моравме да одиме во ресторан. Излегувавме со кренати раце“, велат патниците.
Полицајците вршеле проверка на сите патници кои допатувале од градот Валансиен на париската северна станица. Операцијата е завршена без конректни детали околу полициската акција.
По нападите од 2015 година, во Франција е прогласена вонредна состојба.
