Јапонија: Еден починат поради високите температури

09.05.2017 14:21

Од почетокот на мај, јапонците во поголемиот дел од архипелагот чувствуваат вистински летни горештини.

Најмалку еден човек починал како последица од топлотен удар, додека 422 лица поради истата причина се под лекарски надзор од минатата недела во Јапонија, соопшти денеска главната противпожарна управа.

Од почетокот на мај, јапонците во поголемиот дел од архипелагот чувствуваат вистински летни горештини. Температурите достигнуваат и до 30 степени целзиусови.

Минатата година во Јапонија од топлотни удари починаа над 100 лица, а десетици илјади лица беа лекувани во болница.