Метео: Од четврток раст на температурите
09.05.2017 15:31
Во текот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Претпладне на места, особено во западните региони се уште ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.
Во текот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен северен ветер.
Од четврток следува период на потопло време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
