Патарините и граничните премини во живо на интернет
Нов интернет портал на Јавното претпријатие за државни патишта.

Од денеска сите граѓани ќе можат да ја следат состојбата на патиштата низ цела Македонија на интернет. На веб страната може да се видат и сите предвидени проекти за наредните 5 години. Информациите постојано се ажурираат.
„ Ова е битно кога луѓето планираат да патуваат можат преку посета на веб страницата на јавното претпријатие да видат каков е протокот на возилата. И покрај тоа што информира АМСМ и ова е една добра алатка која се користи во повеќе земји членки на Европската Унија , од денес ќе биде тоа и во Република Македонија“ изјави Миле Јанакиевски , министер за транспорт и врски
„ Во секој момент секој ден се ажурира, се гледа каква е состојбата на одредени делници. Видео камерите се ставени на сите патарини и на граничните премини. Во живо ги гледате секој момент сите наши патарини како функционираат колку се отворени. Но и кога ќе планираат граѓаните патување може да видат и дали има гужва на одредена патарина и на граничниот премин“ изјави Љупчо Георгиевски директор на ЈП за државни патишта.
Министерот за транспорт и врски нагласи и дека од кога ЈП за државни патишта го превзема патарините зголемен е приходот на патарините за 20%
Ана Јосифоска
