Јавно обвинителство: Не ја опструираме истрагата за настаните во Собранието

09.05.2017 16:05

Досега од МВР има примени кривични пријави само против сторители кои се осомничени за насилно влегување во Законодавниот дом и спречување службени лица да си ја вршат функцијата...

„Јавното обвинителство во ниту еден момент не ја опструира истрагата и не ги попречува надлежните органи за документирање на настаните во Собранието на Македонија“- велат од оваа институција.

Тврдат дека даваат наредби за откривање на истите и секогаш постапуваат по сите кривични пријави со кои се документирани потешки кривични дела.

Досега од МВР има примени кривични пријави само против сторители кои се осомничени за насилно влегување во Законодавниот дом и спречување службени лица да си ја вршат функцијата, нема пријава за друго кривично дело- велат од Обвинителството.