ЗЕЛС: Да се најде решение за мандатите на градоначалниците и советниците
ЗЕЛС апелира- Собранието до петок да најде решение за мандатите на градоначалниците и советниците. Според заедницата, ако не се стори тоа, локалната самоуправа не ќе може да ги избршува своите законски обврски надлежности. Можно излезно решение се гледа во Уставниот суд кој утре ќе треба да решава за укинување одредби од Изборниот законик.

За нормално функционирање на локалната самоуправа, што е законско право на граѓаните, Законодавниот дом до петок да најде решение за мандатите на градоначалниците и општинските совети, побараа од Заедницата на единици на локалната самоуправа.
Според претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски веројатно решение е законска измена во Изборниот законик која гласи дека изборите на локалната самоуправа се случуваат во првата половина на мај, и да се одреди друг датум со што ќе се пролонгираат мандатите на градоначалниците.
Апелираме никој да не го злоупотребува ова наше обраќање како притисок- рече Трајановски, кој заедно со потпретседателите Невзат Бејта и Зоран Дамјановски се обратија во името на ЗЕЛС.
Оттаму истакнуваат дека со прекинување на мандатот на 15-ти мај, локалната самоуправа нема да може да ги извршува своите законски обврски и клучни надлежности.
Тој потенцира дека како можно излезно решение е Уставниот суд да се изјасни позитивно по иницијативите и да укине одделни одредби во Законот за локалната самоуправа и во Изборниот законик, со кој ќе им се пролонгира мандатот на советите и на градоначалниците.
Игор Панов
