Уставниот суд ќе одлучува за мандатот на градоначалниците и за субвенциите
Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но тоа е невозможно поради политичката криза и блокадата на Собранието, а со тоа изминаа сите уставни и законски рокови за нивно распишување.

Уставниот суд денека ќе расправа по иницијативите на Министерството за правда и за локална самоуправа и на Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, за бришење на членовите од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик кои го ограничуваат мандатот на градоначалниците и советниците на 4 години.
Според член 35 од Законот за локална самоуправа, членовите на Советот се избираат за време од четири години, а членот 49 го уредува мандатот на градоначалникот кој се избира секоја четврта година.
Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но тоа е невозможно поради политичката криза и блокадата на Собранието, а со тоа изминаа сите уставни и законски рокови за нивно распишување.
Како што е објавено на веб страницата на судот, на истата седница ќе се одлучува и дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците.
