Лекарка пронајдена мртва со убодни рани во нејзиниот дом

10.05.2017 10:20

Полицијата добила пријава од граѓанин, а смртта е констатирана и од итната медицинска помош. МВР ја потврди информацијата. Се работи за доктор на нефрологија и вонреден професор на Медицинскиот факултет.

Синоќа околу 21 часот е пронајдена мртва жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“.

Полицијата добила пријава од граѓанин, а смртта е констатирана и од итната медицинска помош. МВР ја потврди информацијата.

Се работи за доктор на нефрологија и вонреден професор на Медицинскиот факултет.

Телото по наредба на Јавното обвинителство е дадено на обдукција. Полицијата најави повеќе информации во текот на денот.