Лоша хидролошка година
Имаме лоша хидролошка година за земјоделството, велат хидролозите. Акомулациите имаа вода, но таа е недоволна за нормално одвивање на наводнувањето. Сепак со рационалното користење на ресурсуте, сметаат дека состојбата може да биде надмината.

Лоша хидролошка година- нивоата на реките во Македонија се двојно пониски од просекот во мај, а акумулациите имаат вода но сепак недоволно за вкупните потребите за наводнување.
Водостопанство на Македонија ја почна сезоната за наводнување на земјоделските површини. Поголемиот дел од планот за чистење на каналите е реализиран, но земјоделците се надеваат дека врнежите ќе ја подобрат состојбата со недостигот на влага во почвата.
Топлото време во изминатата седмица ги стабилизираше земјоделските култури од претрпениот шок од минималните негативни температури.
Оштетувањата од мразот се големи, но експертите порачуваат посевите и насадите и натаму да се одржуваат со цел колку е можно побрзо да се опорават и да се заштитат од болести и штетници кои можат да бидат битен фактор во опстанокот на вегетацијата.
Методија Трајков
