СДСМ: Иванов час поскоро треба да го додели мандатот
Сите неразумни објаснувања од Иванов се побиени со разумни чекори од парламентарното мнозинство кое што внимателно постапи според Деловникот, законите и Уставот. Така е избран новиот претседател на Собранието, стои во соопштението.

Претседателот Иванов нема потреба да ги чека 10-те дена и час поскоро треба да го додели мандатот за составување на новата влада, оценува СДСМ.
Сите неразумни објаснувања од Иванов се побиени со разумни чекори од парламентарното мнозинство кое што внимателно постапи според Деловникот, законите и Уставот. Така е избран новиот претседател на Собранието, стои во соопштението.
Според СДСМ, спроведувањето на мирен и брз трансфер на власта е врвен државен приоритет и секое спротивставување на демократсите процеси е противдржавно и противуставно дело кое што е казниво со закон.
