Продолжуваат протестите за унитарност на државата
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Според нив, меѓународната заедница промовира вредности кои и самата не ги почитува.
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
За оваа иницијатива, Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието.
72 ден граѓанската иницијатива протестира против Тиранската платформа. Не случајно е, велат, што се поклопува со 72- годишнината од победата над фашизмот. На вчерашниот протест порачаа дека остануваат на бедемот и бараат спроведување попис и нови избори.
