Тимошенко не преговара за коалиција со Јанукович

11.02.2014 13:09

Партијата „Татковина“ на поранешната украинска премиерка Тимошенко ги демантираше тврдењата дека преговара за коалиција со „Партијата на регионите“ на Јанукович. Весникот „Комерсант Украина“ пренесе дека целта на коалицијата би била решавање на политичката криза, а премиер да стане лидерот на „Татковина“, Јаценјук. Како последно средство Европската унија размислува за селективни санкции, Конгресот на САД со резолуција ги поддржа демонстрантите. Во Киев, барикадите од снег се топат и не се знае уште колку ќе опстојат уличните протести.

Ивана Салтировска