Уставниот суд не поведе постапка за мандатот на градоначалниците

10.05.2017 12:17

Не е поведена постапка по дветете иницијативи со кои се оспоруваа членот 35 од Законот за локална самоуправа и членот 16 од Изборниот законик што се однесува на рокот на одржување на локалните избори.

Уставните судии едногласно одлучија дека судот не е надлежен да одлучува за правни ситуации кои не постојат, бидејќи, според судијата известител Елена Гошева, тоа е во исклучива надлежност на Собранието.

Не е поведена постапка по дветете иницијативи со кои се оспоруваа членот 35 од Законот за локална самоуправа и членот 16 од Изборниот законик што се однесува на рокот на одржување на локалните избори.

Иницијативи за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците поднесоа Министерствата за локална самоуправа и за правда и од Светскиот Македонски Конгрес.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

Мандатот на градоначалиците и на советниците истекува на 15-ти мај.