Приведени две лица осомничени за нападот врз Зијадин Села

10.05.2017 12:23

По претресот во нивниот дом, е пронајдена и е одземена како доказен материјал облеката која осомничените ја носеле за време на настаните во Собранието, информираат од МВР.

Изутрината полицијата приведе две лица, татко и син, осомничени за нападот врз пратеникот Зијадин Села. По претресот во нивниот дом, е пронајдена и е одземена како доказен материјал облеката која осомничените ја носеле за време на настаните во Собранието, информираат од МВР.

Вчера едно лице било повикано на информативен разговор за нападот врз лидерот на СДСМ, Заев. Лицето е ослободено и против истото ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство.

СВР Скопје во соработка со Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности за обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните во Собранието, велат од МВР.