Продолжуваат протестите во Венецуела
10.05.2017 12:55
Демонстрантите го обвинуваат дека предизвикал огромна економска криза, зголемување на криминалот и недостиг од основни лекарства и храна за милиони луѓе.

Безбедносните сили се судрија со демонстрантите од опозицијата во Венецуела каде што веќе шест недели се протестира поради владата на претседателот Николас Мадуро.
Демонстрантите го обвинуваат дека предизвикал огромна економска криза, зголемување на криминалот и недостиг од основни лекарства и храна за милиони луѓе.
Бараат и ослободување на политичките затвореници.
