Иванов останува на барањето да се обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата
Шефот на државата очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека заедно со коалициските партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот, велат од неговиот Кабинет.

Писмото од Собранието дека има оформено парламентарно мнозинство вчера е пристигнато во Кабинетот на претседателот Иванов. Шефот на државата очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека заедно со коалициските партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот, велат од неговиот Кабинет.
Претседателот Иванов останува на ставот дека танаречената Платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада.
Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика, велат од Кабинетот на Иванов.
