Нема законски пречки земјоделците да ги добијат субвенциите

10.05.2017 13:56

Уставните судии на денешната седница одлучија да поведат постапка за одредбите од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција, со кои се забранува исплата.

Нема законски пречки за земјоделците да ги добијат субвенциите- сметаат уставните судии. Тие на денешната седница одлучија да поведат постапка за одредбите од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција, со кои се забранува исплата.

Донесена е времена мерка за запирање на извршувањето на овие одредби сѐ до конечната одлука.

Ова значи дека исплатата може да почне веднаш, односно не мора да се чека формирање нова влада за да се префрлат парите.

Иницијативата пред Уставниот суд ја поведе здружението „Агротиквешија“, а надлежните во изминатиов период информираа дека парите не се проблем.