Докторка пронајдена мртва со убодни рани во нејзиниот дом
53-годишна докторка на Нефрологија и вонреден професор на Медицинскиот факултет, синоќа околу 21 часот е пронајдена мртва во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“, близу до Клиничкиот центар. Од увидот се констатирани повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот...

Близу до Клиничкиот центар, во зградата во која што живеела на улицата „Елисие Поповски“ е пронајдена почината лекарка од Нефрологија. Имала убодни рани од нож во пределот на вратот, исечени вени и повреди на рацете.
Телото по наредба на Јавното обвинителство е дадено на обдукција. Прибраните материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата, се дадени на вештачење, информираат од Обвинителството. Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.
ДНК анализата на трагите од крв на местото каде е пронајдена лекарката треба да помогнат во истрагата за нејзината смрт. Јавниот обвинител наредил да се обезбедат и снимки од видео надзорот на околните објекти.
53- годишната докторка, била и вонреден професор на Медицинскиот факултет.
Андријана Атанасовска
