Министерство за локална самоуправа бара од Собранието решение за општините

10.05.2017 14:27

Испратено е писмо до претседателот на Собранието, Џафери со оглед на фактот дека датумот на одржувањето на локалните избори е уреден во Изборниот законик...

Министерството за локална самоуправа бара Собранието во најкус можен рок со измени на Изборниот законик да обезбеди законски услови за непречено функционирање на општините.

Испратено е писмо до претседателот на Собранието, Џафери со оглед на фактот дека датумот на одржувањето на локалните избори е уреден во Изборниот законик, а актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието.