Расте интересот за програмите за мобилност

10.05.2017 14:33

Расте интересот за „Еразмус плус“. Годинава ќе се доделат 19 грантови на високо образовни институции во вредност од 1.600.000 евра. Буџетот за 2017-та е 6,25 милиони евра и е најголем досега. Парите ќе бидат распределени на три јавни повици.

Повеќе од 300 институции и 2.000 студенти ги искористиле можностите кои ги нуди европската програма „Еразмус плус“. Со 12 милиони евра досега биле поддржани проекти за обуки и мобилност на студенти и наставен кадар.

Директорот Димитров е задоволен од искористеноста на средствата. Вели придобивките се големи, а на овој начин македонските студенти имаат можност да ги уживаат истите привилегии како и нивните колеги во Европа.

„Еразмус плус“ програмата годинава прославува 30 години постоење. Од Европската унија велат дека ова e одлична можност за младите да стекнат нови знаења и да ги пренесат европските вредности.

Буџетот за програмите за мобилност за 2017-та тежи 6,25 милиони евра и е најголем досега. Парите ќе бидат распределени на три јавни повици.

Викторија Милевска