ВМРО- ДПМНЕ: СДС нелегално го избра Џафери за собраниски спикер
Како што рече Илиоски, нема бегање од казната за антидржавното и деструктивно однесување на СДС.

СДС нелегално го избра Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието и покажа дека е подготвен да ги погази Уставот и волјата на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече Илиоски, нема бегање од казната за антидржавното и деструктивно однесување на СДС.
СДС го оневозможи највисокото демократско парламентарно право, правото на дискусија на пратениците. СДС го прескокна формирањето на Комисија за избори и именување со што спречи истата да предложи и други кандидати за претседател на Собранието. СДС го погази и правото на пратениците да соберат потписи и да предложат и други кандидати за претседател на Собранието. На крај, без никакво пребројување на гласовите и на присутните, без никаков стенограм и ангажман на стручните служби, СДС нелегално се обиде да си избере претседател на Собранието- изјави Илиоски на денешната прес- конференција.
