Познати првите 10 финалисти од Првата полуфинална вечер на Евросонг 2017

10.05.2017 16:04

За изборот на финалистите пресудни беа гласовите на печленото стручно жири во секој од осумнаесетте национални радиодифузери чиишто претставници видовме на сцената како и националното жири од трите земји на големата петорка: Шпанија, Италија и Обединетото Кралство.

Десетина минути по полноќ на 9-ти мај заврши Првата полуфинална вечер на 62- то издание на наголемиот музички спектакл на планетава, Изборот за песна на Евровизија 2017.

За изборот на финалистите пресудни беа гласовите на петчленото стручно жири во секој од осумнаесетте национални радиодифузери чиишто претставници видовме на сцената како и националното жири од трите земји на големата петорка: Шпанија, Италија и Обединетото Кралство.

На евровизиската сцена во Меѓународниот изложбен центар во Киев, се претставија 18 земји и нивните национални представници.

Гласовите на стручното жири сочинуваат 50%, а останатите 50% ги обезбедија гласовите на публиката, којашто можеше да гласа со јавување, испраќање текстуални пораки и гласање преку официјалната евровзиска апликација.

Првата полуфинална вечер протече во знакот на настапот на минатогодишната Евровизиска победничка Џамала којашто повтрно ќе ја видиме во ревијалниот дел на саботното финале.

Евровизиските обложувалници речиси стопроцентно го предвидоа пласманот на земјите со исклучок на „изненадвањето“- влезот на Кипар во финалето.

Ова се десетте земји и изведувачи коишто обезбедија пласман во финалето од првата полуфинална вечер:

реден број на настап

земја

изведувач

песна

јазик на кој настапуваа

01

Шведска

Robin Bengtsson

"I Can't Go On"

Англиски

03

Австралија

Isaiah

"Don't Come Easy"

Англиски

05

Белгија

Blanche

"City Lights"

Англиски

08

Азербеџан

DiHaj

"Skeletons"

Англиски

09

Португалија

Salvador Sobral

"Amar Pelos Dois"

Португалски

10

Грција

Demy

"This Is Love"

Англиски

11

Полска

Kasia Moś

"Flashlight"

Англиски

12

Молдавија

Sunstroke Project

"Hey, Mamma!"

Англиски

15

Кипар

Hovig

"Gravity"

Англиски

16

Ерменија

Artsvik

"Fly with Me"

Англиски

 

Денес на втората комплетна генерална проба којашто интерно се пренесува преку сателитската мрежа, ќе гласа стручното жири на земјите коишто ќе ги видиме во втората полуфинална вечер на ESC 2017 меѓу кои и Македонија со Јана Бурческа и песната „Dance alone“ на авторите: Joacim Persson, Alex Omar, Bobi-Leon Milanov и Florencе A.

Покрај Македонија којашто настапува под реден број 3, настапуваат уште и:

1.      Србија

2.      Австрија

3.      Македонија

4.      Малта

5.      Романија

6.      Холандија

7.      Унгарија

8.      Данска

9.      Ирска

10.  Сан Марино

11.  Хрватска

12.  Норвешка

13.  Швајцарија

14.  Белорусија

15.  Бугарија

16.  Литванија

17.  Естонија

18.  Израел

Општа констатација е дека втората полуфинална вечер е многу поквалитетна кога станува збор за песните и настапите на националните представници, со поголем број на можни фаворити и кандидати за големото Евровизиско финале во сабота.

Македонската Радио Телевизија оваа година за членови на своето национално стручно жири ги делегира: Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска, познати и етаблирани лица на Македонската музичка сцена. Нивните гласови заедно со гласовите на останатите национални жирија во 17 земји и жирито во Германија, Франција и Украина (вкупно 105 членови), ќе бидат депонирани во ЕBU и ќе бидат додадени на гласовите од публиката во однос 50% : 50%, којашто ќе гласа утревчер во текот на директниот пренос, којшто започнува во 21:00 часот. Публиката од еден брј ќе може да гласа најмногу до 20 пати, нема да може да гласа за својата земја а валидни ќе бидат само гласовите коишто ќе стигнат во термнот најавен од водителите во текот на преносот.

Фокусираноста, но и позитивното располжение и возбуда кај Македонската делегација растат со приближување на терминот за втората генерална проба, во желбата да се обезбеди пласман во финалето, по оној на Калиопи од Изборот на песна на Евровизија во Азербеџан 2007 година, но пред се за достојно представување на Македонија на Евровизиската музичка сцена во Киев.

Каролина Петковска, специјален известувач од Киев за МРТ