ЕВН отвори изложбен простор за електрична енергија
Пеку мултимедијален пристап презентирани се сите видови на производство на струја, а преку интерактивни плазма панели и Вандер- Графов генератор се овозможува и допир на електричната енергија.

Земјава го доби првиот изложбен центар посветен на електричната енергија. ЕВН Македонија го искористи просторот на старата електроцентрала „Матка“ и го пренамени во постојан изложбен простор во кој е прикажан развојот на користењето на електричната енергија во светот и кај нас.
Пеку мултимедијален пристап презентирани се сите видови на производство на струја, а преку интерактивни плазма панели и Вандер- Графов генератор се овозможува и допир на електричната енергија.
Меморандумот за соработка го потпишаа и деканите на Електро- факултетите во земјава, како и директори на основни и средни училишта, за чии ученици и студенти посетата на изложбениот центар е бесплатна.
