Лажна тревога за пожар во Градски Трговски?!

11.02.2014 13:11

Две возила беа испратени на евентуална интервенција во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Според командантот на противпожарната бригада Благоја Менковски, бил забележан чад на покривот, но станува збор за оџак, на кој било навремено интервенирано.  Според законските прописи, најмалку еднаш годишно треба да се чистат оџаците ако сопствениците се греат на огрев или друго тврдо гориво.

Две возила беа испратени на евентуална интервенција во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Според командантот на противпожарната бригада Благоја Менковски, бил забележан чад на покривот, но станува збор за оџак, на кој било навремено интервенирано.  Според законските прописи, најмалку еднаш годишно треба да се чистат оџаците ако сопствениците се греат на огрев или друго тврдо гориво. Иако безбеедноста нема цена, сепак, високата цена за чистење по оџак што се движи меѓу илјада петстотини до две илјади денари влијае врз постојано почитување на прописите.