Недостасува расад за тутунот

11.05.2017 10:20

Тутунарите планираат да ги зголемат повшините со тутун. Зголемен е и бројот на склучените договори за производство и се очекуваат поголеми приноси. Истовремено поради ниските температури и измрзнувањето, тутунарите стравуваат дека ќе нема доволно расад.

Почна расадувањето на тутунот по нивите. Од априлските ниски темератури настрада расадот поради што тутунарите велат дека ќе го нема доволно и некои од нив повторно се обидуваат да направат нов.

Годинава поради добрата ланска откупна цена и квалитетниот род земјоделците одлучија да го зголемат производството.

Тутунарите направија за 250 договори повеќе од минатата реколта и планираат да насадат тутун на површина поголема за 700 хектари.

Монополите беа во трка да направат повеќе договори со тутунарите.

Колкаво ќе биде производството ќе зависи и од обезбедувањето на расад и од временските услови до крајот на бербата иако според планираното родот се очекува  да тежи скоро 26 000 тони.

Од ланската реколта беа откупени малку повеќе од 25.000 тони.

 

Методија Трајков