Најмалку осум лица загинаа во земјотрес во Кина

11.05.2017 10:22

Потресот се случил на длабочина од осум километри во Синцуан-Ујгурскиот автономен регион...

Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во земјотрес од 5,5 рихтери во Кина. Предизвикана е и материјална штета на неколку објекти.

Потресот се случил на длабочина од осум километри во Синцуан-Ујгурскиот автономен регион во северозападниот дел на земјата.