Скот: САД се против промени на границите на Балканот

11.05.2017 11:04

Соединетите Американски Држави се против промените на границите на Балканот...

Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот, изјавил дека Соединетите Американски Држави се против промените на границите на Балканот.

Прашан за ставовите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека има проект за обединување на Албанците на Косово, на Аалбанија и во дијаспората, Скот изјавил дека Вокер приватно може да има свое мислење, но дека тоа не е став на САД.