Трамп го номинираше Марк Грин за нов шеф на УСАИД
11.05.2017 11:56
Тој е член на претставничкиот дом и е поранешен американски амбасадор во Танзанија.

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Марк Грин за нов генерален директор на Агенцијата за меѓународен развој- УСАИД.
Тој е член на претставничкиот дом и е поранешен американски амбасадор во Танзанија. Грин доаѓа од позицијата претседател на Меѓународниот републикански институт.
Во објаснувањето неговата номинација во дописот на државниот секретар Тилерсон, пишува дека Грин треба да обезбеди секој американски долар да биде потрошен за вистински цели, за стабилноста и безбедноста на САД.
