Повисоки пензии во март

11.02.2014 13:12

До 7-ми март ќе бидат исплатени сите пензии зголемени линеарно за 600 денари , најави министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески

На овој начин ќе се зголеми стандардот на највозрасната популација, а зголемувањето влегува во пензиската основа.

Според Ставрески додека другите земји ги намалуваат платите и пензиите и ја зголемуваат старосната граница за пензионирање, Македонија има доволно средства во буџетот за редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите, како и за реализирање на сите програми поврзани со бесплатното лекување и бањската рекреација на пензионерите.

Старосната граница кај нас за пензионирање не се менува, останува 62 години за жени, и 64 за мажи.