Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“

11.05.2017 12:19

Учесниците бараат што е можно поскоро да се одржат нови парламентарни избори, за граѓаните да добијат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести. Учесниците бараат што е можно поскоро да се одржат нови парламентарни избори, за граѓаните да добијат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

Не го признаваат Џафери за претседател на Собранието. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат деловникот, законот и уставот, се решија да извршат државен удар со нелигитмниот избор на Талат Џафери- велат организаторите на протестите.

Протестите на граѓанската иницијатива продолжуваат сѐ до исполнување на нивните бартања за нови избори, како единствено решение за излез од кризата.