ЕК: Раст од 2,9% на македонската економија годинава

11.05.2017 12:33

За годинава се предвидува раст на БДП од 2,9 насто за разлика од лани, кога македонската економија достигна 2,4 проценти. Во наредната година растот ќе достигне 3,2 насто.

Пролетна економска прогноза на Европската комисија за државите членки, но и за Западниот Балкан. Бруто- домашниот производ во земјава е значително забавен поради недостиг на инвестиции, пишува во извештајот. Сепак економските основи, побарувачката, увозот и извозот остануваат стабилни.

За годинава се предвидува раст на БДП од 2,9 насто за разлика од лани, кога македонската економија достигна 2,4 проценти. Во наредната година растот ќе достигне 3,2 насто.

Што се однесува на невработеноста, таа годинава треба да се намали за 1,3 насто и да изнесува 22,4 проценти, а во 2018-та година, Европската комисија очекува пад на невработеноста на 20,9 насто од активната работна сила.

Македонија спаѓа во групата средно задолжени земји со 40 насто задолженост на владата. И во пролетната економска прогноза на Европската комисија се спомнува политичката криза која се уште трае и која што влијаела врз економската состојба во земјава.