ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее со Тиранската платформа

11.05.2017 13:07

Пратеникот на оваа партија, Мухамед Зекири се фотографирал со семејството Гаци, познато според бруталните криминали на Косово, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура. Пратеникот на оваа партија, Мухамед Зекири се фотографирал со семејството Гаци, познато според бруталните криминали на Косово, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Зекири, тврди ВМРО-ДПМНЕ бил директна врска на Заев со подземјето на Косово и Македонија.

СДС и Заев нема да успеат во реализација на Тиранската платформа и тие нема да избегаат од правдата, велат во ВМРО-ДПМНЕ.