СДСМ: Иванов веднаш да го додели мандатот
11.05.2017 13:09
Врвен интерес за граѓаните е Иванов да постапи согласно со Уставот, да престане со оправдувањата и да не го штити Никола Груевски...

Мнозинството во Собранието е подготвено да ја реафирмира и пред јавноста и пред Ѓорге Иванов, програмата на новата влада, тоа мнозинството ќе го направи, велат во СДСМ.
Сепак врвен интерес за граѓаните е Иванов да постапи согласно со Уставот, да престане со оправдувањата и да не го штити Никола Груевски.
СДСМ оценува дека сите во земјава имаат потреба од итна стабилизација.
