Миноски: Буџетот ликвиден, субвенциите ќе се исплатат по објавување на одлуката
Во моментов не постои потреба од ребаланс на буџетот, како и за еврообврзница. Постои доволна ликвидност на домашниот пазар и наплатата на приходите е на соодветно ниво, рече Миноски.

Буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции од Министерството за финансии ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд, изјави министерот за финансии, Кирил Миноски. Тој нагласи во моментов нема потреба од ребаланс и од издавање еврообврзница.
Во моментов не постои потреба од ребаланс на буџетот, како и за еврообврзница. Постои доволна ликвидност на домашниот пазар и наплатата на приходите е на соодветно ниво, рече Миноски.
Додаде дека податоците се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии од кои е јасно дека постои ликвидност во буџетот.
За исплатата на субвенциите рече дека постои одредена постапка во Уставниот суд за објавување на одлуката и откако ќе биде објавена ќе се види што содржи.
Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка ќе може да се почне со исплата на субвенции, рече Миноски и додаде дека најголем дел од документите стапуваат на сила во моментот кога ќе бидат објавени, било да е тоа официјално на веб страница или во Службен весник.
