Одбележан Денот на финансиската едукација

11.05.2017 14:58

Институциите заеднички преку брошури, совети и подароци придонесуваа за поголема писменост кај граѓаните. Гувернерот со иницијатива- финансиската едукација да биде дел од формалниот образовен процес.

Финансиски едуцирани луѓе се луѓе богати со животна вештина. Банките, штедилниците, инвестициските, осигурителните и пензиските фондови како и брокерските друштва заеднички работат на подигање на финансиската писменост  преку флаери, брошури, подароци и совети. Денот на финансиската едукација беше одбележан во Градскиот парк. Гувернерот Богов смета дека ова е потребно да се вклучи во формалниот образовен процес.

Финансиската едукација, особено за младите е долгорочна и многу важна инвестиција која носи позитивни ефекти, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Преку проектот Финансиско образование, Министерството за финансии досега има спроведено обука на 466 ученици од основните и средните училишта.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска