Вработување на социјално ранливите лица
На 40 лица од социјално ранливата група ќе им биде помогнато да најдат работа по завршување на обуката со проектот финсиран од ЕУ, а ќе го остварат Црвениот крст, Занаетчиската комора, како и Министерството за труд и социјална политика.

Козметичар, фризер, пекар, бравар, готвач се дел од занаетите кои ги изучуваат лицата кои се во социјален ризик и долгорочно невработени. Преку проектот на Европската унија се намалува стапката на сиромаштија меѓу овие луѓе и се прават напори за тие да ја зголемат конкурентноста на пазарот на труд.
Справувањето со предизвиците за вработување на луѓето од социјално ранливите категории останува приоритет, тврдат надлежните.
Оние кои се вклучени во проектот работат и со психотерапевт кој придонесува за развој на нивните кариери, но им помага и на нивните семејства.
Наташа Јанчиќ
