Грозданов најави кривична пријава против Жерновски
На само три месеци пред одржување на Супер купот меѓу победниците на Лигата на шампионите и на Лигата на Европа, не е обезбедено соодветно место за новинарските екипи поради поништувањето на решението за градба на двата тениски терини во близината на националната Телеком Арена. Поднесена кривична пријава против градоначалникот на Центар, Жерновски.

Директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов со кривична пријава против градоначалникот Андреј Жерновски. Тврди дека првиот човек на Центар и локалната самоуправа ги блокираат подготовките за Супер купот на УЕФА откако поништиле претходно издадено одобрение за изградба на просторот каде што треба да бидат сместени медиумите.
Грозданов вели, дека Општина Центар најпрво издала одобрение за градба на земјиштето, односно за два тениски терена во рамките на „Телеком Арената“ каде што треба да бидат поставени возилата за пренос на купот, за по два месеца, да се прогласи за ненадлежна.
Подготовките за големиот фудбалски спектакл, вели Грозданов се речиси при крај, се бараат алтернативни решенија согласно со законот. Го повика Жерновски да се надмине себеси и да не ги гледа теснопартиските интереси.
Издаденото решение за тениски терени е поништено, бидејќи Акционерското дружтво за изградба на станбен и деловен простор е во целосна сопственост на РЕПУБЛИКА Македонија и решенијата ги издава Министерството за транспорт и врски, а не општината, реагираа од Центар.
Според нив, проблемот се јавува кога по поништување на одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за ова подрачје, за добивање на решение за тениски терени е потребно претходно да се одобри архитектонско урбанистички проект за кој АД за изградба на деловен и станбен простор не е подготвено со техничка документација и Министерството за транспорт и врски не може да им го издаде бараното решение.
Проблемот не е во Општината, туку во бавната реакција на Акционерското друштво, стои во реакцијата на Центар.
Викторија Милевска
