Унгарија и Словачка не сакаат да примаат бегалци

11.05.2017 16:09

Будимпешта и Братислава поведоа постапка пред Европскиот суд во Хаг. На сослушувањето тврдеа дека распределбата за барателите на азил меѓу членките на Унијата според утврдените квоти е незаконска.

Пред Европскиот суд за првадата, Унгарија и Словачка ги бранеа своите ставови зошто се спротивставија на одуката на Брисел за примање на азиланти, што наиде на остра критика од Германија и од другите европски земји.

Пред 3 години од Бликсиот Исток и од Африка околу 1,6 милиони мигранти и бегалци го поминаа Медиеранот и пристигнаа во Европа. Во 2015-та година Унијата предложи распределба на 120.000 илјади баратели на азил со цел да се ублажи притисокот врз Италија и Грција, но оваа одлука наиде на жесток отпор од пранешните кумнистички земји, а сега членки на Унијата.

Унгарскиот и словачкиот премиер, Орбан и Фицо, сметаат дека моделот на квоти што е усвоен со мноизнство гласање против волјата на 4 источни земји членки на Унијата, претставува пример на диктаторско владеење на бирократите од Брисел.  

„Најбитен аргумнет против одлуката на Унијата за квотите е дека врз темел на договорт за формирање на Унијата, Брисел нема право да одлучува за наслеување на било кое лице, во било која земја и во било каков облик каде што се менува населението и културата на таа држава, којшто е во спортивост на начелата на Европската Унија и Конвенцијата за стаусот на бегалци од 1951-та година“, изјави Бензе Тузон, државен министер з а комуникација на Унгарија.

„Европската Унија тврдоглаво се враќа повторно и повторно на квотите. Еве сега претседателството на Малта веќе на 18 мај на дневен ред ќе го претстави планот за распределба на квотите за распоредување на мигрантите и бегалците“, рече Роберт Калишчек, министер за внатрешни работи на Словачка.

Претходно проевропската влада на Полска, пред две години гласаше за квотите кои што се темалат врз богатството на земјите и бројката на населението, но сегашната евроскептична влада, исто така не сака да ја споведе одлуката. Полска денеска во судницата единствено ги поддржа Унгарија и Словачка, со ставот дека мигрантите и бегалците можат да бидат опасни за националната безбедност.

На спортивставената страна во случајот се Герамнија, Франција и останатите змеји, како и европската влада, кои тврдат дека во прашање е загрозувањето на европското право на солиданост.

Германија прими најмногу мигранти во минатата гоидна, додека Полска и Унгарија не скаат да примат никого во рамките на европската порграма за распоредување на бегалците.

И многу други европски земји ја одолговлекуваат примената на одлуката, па затоа досега од Грција и од Италија се преместени од 160.000 мигранти и бегалци, само 18.000 луѓе, а планот истекува во септември.

Пресудата на судот во Хаг се очекува да биде доднесена на есен. Но, Унгарија и Полска се во судир со Брисел и поради непочитување на демократските стнадарди, независноста на паравосудтсвото и медиумските слободи.

Мирјана Василева