Турција: Приведени 53 лица поради поврзаност со пучот
12.05.2017 10:24
Во рамки на истрагата поради наводни врски со неуспешниот пуч се уапсени околу 49.000 луѓе, а под истрага се уште 150.000.

Турската полиција привела 53 лица поранешни вработени во истанбулската берза поради поврзаност со имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот државен удар.
Ѓулен, пак, кој живее во егзил во САД, ги отфрла тие обвиненија. Во рамки на истрагата поради наводни врски со неуспешниот пуч се уапсени околу 49.000 луѓе, а под истрага се уште 150.000.
145.000 јавни службеници, припадници на безбедноста и академици биле суспендирани или сменети.
