Заев на распит во Јавното обвинителство како сведок за собраниските настани

12.05.2017 10:39

Според најавите, во обвинителството треба да се појават уште пет пратеници. Деновиве исказ како сведок даде и пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Лидерот на СДСМ и пратеник Зоран Заев, дојде на распит во Јавното обвинителство за собраниските настани од 27-ми април, како сведок и оштетен.

Според најавите, во обвинителството треба да се појават уште пет пратеници. Деновиве исказ како сведок даде и пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Обвинителството и МВР во координација продолжуваат со, како што велат, собирање докази и информации за настаните во Собранието.

Досега 9-мина добија обвинение за учество во толпа и спречување на службено лице во вршење на службени дејствија.

За нападот врз пратеникот Зијадин Села, две лица заработија 30-дневен притвор под обвинение-обид за убиство.