ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС во спрега со криминално- мафијашки структури

12.05.2017 10:43

Заев е свесен за кривичната одговорност која треба да ја сноси и токму затоа ги заплашува судиите и се расфрла со закани за реизбор на судии, мислејќи дека ќе избегне одговорност, стои во дописот.

Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално- мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии меѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци, соопштуваат од Вмро-Дпмне.

Заев е свесен за кривичната одговорност која треба да ја сноси и токму затоа ги заплашува судиите и се расфрла со закани за реизбор на судии, мислејќи дека ќе избегне одговорност, стои во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев треба да знае дека некои кривични дела не застаруваат и дека за нив одговорност бргу ќе има. Заев и кликата околу него ќе одговараат за своите кривични дела и од тоа нема да ги спаси никој, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.